https://www.flickr.com/photos/charlesfred/3473690105/in/photolist-6hXz3H-6nk8ks-6hXKBV-ohhwD6-5u2rP1-rkWzu5-rH6LFZ-XXoqm1-6UJ2Ur-LRGdhS-3Fv23n-b8xZ9F-etuihS-EsyNj-5tvqc2-7kVbYA-5sHkKb-217DYr4-a5wWcD-9mjBeV-ZdEca6-2nDMKRT-2mhxQQX-b4fs4g-3fJ2fB-2nfLPVS-feMcTJ-54hLmW-2mPpWP9-rkZZzB-NCGS1-Ja89VB-6CVHtt-LAXnuc-dtTAKJ-2hegKHP-nuDKpW-5CuooH-2hRoDSA-8oGv7C-aiEiFC-4WpT1m-Ci7yAs-6u9Qu8-aTm4wp-9hKznu-5A5KuY-2kbM72B-m7SXXa-5TRqh9

23.09.2024 Скопје

Албанија наметна строга контрола во работењето на нотарските канцеларии по бранот поплаки од страна на граѓаните. Во изминатиот период одземени се голем број на лиценци и наметнати се суспензии.

„Во периодот јануари-август 2024 година, Министерството за правда ги засили контролите во нотарските канцеларии низ државата, при што беа извршени 42 контроли, што е значително зголемување во однос на минатата година. Овие контроли дојдоа како одговор на поплаки на граѓаните, како и за гаранција за спроведување на законските правила од страна на нотарите“, рече министерот за правда, Улси Мања.

Во периодот јануари-август годинава, одземени им се лиценците за работа на 11 нотари, а изречени се и други мерки. Како резултат на овие длабински проверки преземени се управни мерки против 22 нотари за кои е констатирано прекршување. Од нив, на 11 нотари им е одземена лиценцата, четворица други се суспендирани, додека на седум нотари се изречени управни мерки. Запленети се и 17 нотарски архиви, посочи Мања.

Паралелно тече и процесот на ветинг за судиите и обвинителите. Деновиве разрешен е обвинителот Сабри Кастрати, од Обвинителството во Лежа, кој не можел да го аргументира потеклото на имотот што го поседувал. Од почетокот на процесот, 1 јануари 2018 година, ветингот не го минале над 200 судии и обвинители, меѓу нив и претседател на Врховен суд.

Подготвено од М.Д.

About Author