06.09.2024 Скопје
Распуштањето на судски совети понатаму тема на интерес на јавноста. И додека трае дискусијата од Министерство за правда на прашањето кој е нивниот став околу најавите за распуштање на Судски совет во одговорот се држи иста линија како и претседателката Дамева дека дека треба да има индивидуалната дисциплинска одговорност на членовите на Советот со објаснување дека така ќе с епостигне поголем ефект од колективната одговорност која пак може да доведе до лавиринт од кој ќе биде тешко да се излезе.
„Ние, Судскиот совет го гледаме како комплетно независно тело кое во одлуките ќе се раководи токму од индивидуалната дисциплинска одговорност на членовите на Советот. Затоа, иницираме постигнување независност која што ќе произлезе токму од самите судии и обвинители, тие да ги изберат членовите и да ја понесат моралната, професионална и правна одговорност во тој избор. Во Судскиот совет не треба да влијаат предлозите од владата, од парламентот, од претседателот. Ние даваме простор, сега Судскиот совет со самостојни одлуки, прво за својот состав, да ја потврди својата независност. Дадовме и време но од нивна страна се уште нема никаков одговор, предлог или одлука.“ – велат од Министерство за правда
Ја поддржувам секоја иницијатива за промена на системот на одговорност во Судски совет и сето тоа да помине низ законска процедура и во една поширока консултација со фелата и со јавноста, вели адвокатот Валентин Зафиров. Додава дека Судски совет да се распушти а во новиот состав кој ќе се формира да има и претставници од адвокатската комора.
Поранешниот амбасадор, Дејвид Гир рече дека распуштањето на Судскиот совет и на Советот на јавни обвинители е директно мешање во независноста на судската власт и нагласи дека доколку тоа се случи ќе предизвика сериозна загриженост кај Европската унија. Премиерот Мицкоски не се откажува од реформите на Судскиот совет и на Советот на јавни обвинители.
Подготвено од М.Д.