katarina-loa-van-hof-960x527

18.09.2024 Скопје

Францускиот институт во Скопје, по повод својата 50-годишнина и Фестивалот „Про-за Балкан“, во рамките на своето 12. издание, организираа  книжевна средба со Катарина Лоа ван Хоф, основач на издавачката куќа „Аргонаути“ и Лали Бернар, книжевен агент. Една од темите беше и кои предизвиците со кои се соочува издаваштвото денес.

„Јас како независен издавач се соочувам со поинакви проблеми во споредба со големите издавачи. Меѓу тие проблеми се цената на хартијата, на енергијата. Во полето на издаваштвото малите издавачи се соочуваат со поголема несигурност и тоа не е случај само со Франција туку, во светски рамки. Втор проблем е новата генерација на читатели кои бараат покомерцијални романи и помалку комлицирани за читање и тоа е нешто што многу го менува пазарот. Следствено на тоа има издавачи кои ги отвораат вратите кон комерцијалната литература и оние кои што ја негуваат книжевната амбиција во однос на книжевно-уметничките критериуми, рече Катарина Лоа ван Хоф“, основач на издавачката куќа « Les Argonautes“.

„Имаме многу широка и богата програма за 50-годишнината која започна оваа пролет и ќе продолжи оваа есен активности од најразлични сектори, посебно во полето на книжевноста. Мината пролет го имавме е3ден од најголемите писатели којшто доби Гонкурова награда тоа е господинот Матијас Енар и во рамките на ПРО ЗА БАЛКАН“, рече Иго Бештел, директор на Францускиот институт во Скопје.

Подготвено од М.Д.

About Author