16.08.2024 Скопје
„Воениот рок ќе трае два месеца, ќе започне од 1 јануари 2025 година. Ги зголемивме платите на војниците, подофицерите и офицерите, нивните материјални права, не само преку лични примања, туку и преку дневници и се што им следува“, изјави Анушиќ.
Во 2008 година, Хрватска ка укина задолжителната воена обврска и оттогаш таа е доброволна.
На тема ребаланс на државниот буџет, Анушиќ објасни дека ги опремуваат и модернизираат вооружените сили, ги организираат според очекувањата и договорено со НАТО сојузниците.
„Мислам дека ќе имаме многу подобра, посилна и подобра слика за вооружените сили од досега. Разговаравме со министерот за финансии и дојдовме до заклучок дека нема простор за штедење во модернизацијата и опремувањето на вооружените сили. Ова е ставот на Владата и на политиката, бидејќи околностите во кои се наоѓаме во безбедносна ситуација не дозволуваат штедење“, заклучи Анушиќ.
Подготвено од М.Д.