BOMBA NOVA GORICA SLOVENIJA

26.08.2024 Скопје

Во Нова Горица, Словенија утрово успешно беше деактивирана неексплодирана воздушна бомба од Втората светска војна, тешка 226 килограми, која работниците ја пронашле минатиот четврток на градилиштето на железничката станица Нова Горица. Во 10 часот и 46 минути звучната сирена најави крај на опасноста.

Пред да започне деактивирањето на воздушната бомба, и словенечката и италијанската страна ги евакуираа околните жители. На словенечката страна беа воспоставени две безбедносни зони. За првата зона беше наредена целосна евакуација. Оваа област се протега на 400 метри од местото каде што била пронајдена бомбата. Втората зона беше опфата со мерка за прикривање. Тоа значи дека по активирањето на сирената на жителите не им било дозволено да излезат надвор додека не се објави крај на опасноста. Оваа област се протега помеѓу 400 и 600 метри од местото на бомбата.

Од словенечка страна, евакуацијата започна во 8 часот, а заврши околу 9 часот. Потоа, до 10 часот, властите проверувале дали можеби има останато уште некое лице во зоната за евакуација.

Подготвено од М.Д.

About Author