06.08.2024 Скопје

Авионска и терестрична дезинсекција против ларви од комарци ќе се реализира утре на скопската територија, соопштија од Град Скопје.

Авионската дезинсекција ќе се реализира во раните утрински часови, а терестричната во текот на денот.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин, се додава во соопштението.

Се советува пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

Подготвено од М.Д.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *