GRUZIJA PROTESTI

01.08.2024 Скопје

Во Грузија денеска стапи во сила Законот за транспарентност на странско влијание или Законот за странски агенти, кој предизвика големи контроверзи

На почетокот на неделава парламентарната опозиција во земјата поднесе барање до Уставниот суд за суспендирање на законот.

Законот ги обврзува невладините организации и медиумите кои остваруваат повеќе од 20 отсто од приходите од странство да се регистрираат во Националната агенција за јавен регистар.

Законот наведува дека избегнувањето регистрација како организација која ги следи интересите на странска држава предвидува парична казна од 25,000 лари (повеќе од 9,000 американски долари).

Законот беше донесен на 14 мај, а процесот беше проследен со низа протести во земјата.

Претседателот на Грузија, Саломе Зурабишвили стави вето на овој чин, но подоцна пратениците го усвоија со мнозинство гласови.

Точниот број на невладини организации во Грузија не е познат, но претседателот на владејачката партија Грузиски сон, Иракли Гарибашвили, рече дека ги има околу три илјади, од кои огромното мнозинство, како што рече, работат со помош на странска финансиска помош.

Подготвено од М.Д.

About Author