231105-1_TSMC_Fab_21_construction

21.08.2024 Скопје

Изградбата на фабрика за чипови, заедничко вложување од 10 милијарди евра помеѓу Taiwan Semiconductor Manufacturing Company Limited (TSMC) и Bosch, Infineon и NXP Semiconductor, започна во вторникот во Дрезден, што треба да поттикне стратешка промена во производството на полупроводници во ЕУ.

TSMC ќе има 70 отсто удел во фабриката, додека другите партнери ќе имаат по 10 отсто.

Фабриката ќе биде позната како European Semiconductor Manufacturing Company (ESMC).

Производството треба да започне во 2027 година, а најмногу треба да произведува чипови за автомобилската индустрија.

Првата европска фабрика на TSMC се очекува да отвори 2.000 работни места.

Оваа инвестиција има за цел да поттикне стратешки пресврт во ЕУ во однос на производството на полупроводници.

Имено, оваа иницијатива настојува да го удвои сегашниот европски удел на глобалниот пазар на чипови од сегашните 10 проценти.

Германската индустрија за чипови е со седиште во источната покраина Саксонија, каде што расте поддршката за популистичките партии, вклучително и екстремно десничарската AfD, потресувајќи ги главните партии и извршната власт пред локалните избори закажани за 1 септември.

ерманскиот канцелар Олаф Шолц се огласи на церемонијата на поставување камен-темелник за фабрика за полупроводници за национализмот на истокот на земјата, предупредувајќи дека тоа ги загрозува инвестициите во клучните идни технологии.

„Сè уште ни треба проевропска Германија која е отворена кон светот, наместо национализам и огорченост. Отвореност кон светот и смелост – ако го зачуваме, ако го одбраниме, тогаш оваа голема инвестиција сигурно нема да биде последна што ја доживуваме во Силиконската Саксонија и Источна Германија“, рече Шолц.

Тој ја нарече индустријата за полупроводници клучна за индустрискиот опстанок на земјата и за постигнување на климатските цели и ја истакна важноста од зголемување на производството во Германија за да се намали зависноста на Европа од другите во рамките на глобалниот синџир на снабдување.

Подготвено од М.Д.

About Author