zapadenn balkan

23.08.2024 Скопје

Западен Балкан во 2050 година ќе има 13.975.000, наместо минатогодишните 16.977.000.

Србија, која лани имаше 6.788.000 жители, во 2050 година ќе има 5.554.000, односно околу 1,2 милиони жители помалку. Доколку проценката се оствари, тоа би било пад од 18,2 отсто.

Босна и Херцеговина од 3.194.000 ќе „падне“ на 2.469.000 жители, што е за 22,7 отсто помалку, а Албанија од 2.822.000 на 2.251.000 жители, што е за 20,2 отсто помалку.

Северна Македонија наместо 1.836.000 ќе има 1.519.000 жители, што е пад од 17,3 отсто, додека Црна Гора наместо 628.000 ќе има 535.000 или 14,8 отсто помалку.

Подготвено од М.Д.

About Author