08.08.2024 Скопје

Македонскиот театарски, филмски и телевизиски актер Владо Јовановски е годинешниот лауреат на наградата за извонредно актерско достигнување во уметноста на филмот „Мето Јовановски“, што годинава за првпат се доделува во рамките на третото издание на Фестивалот на медитеранскиот и балканскиот филм „Преку езерото“.

Претседателката на Советот на фестивалот „Преку езерото“ Мими Ѓоргоска Илиевска посочи дека наградата се доделува во чест на доајенот на македонското филмско актерство, а целта е да се направи значаен чекор како за македонската, така и за европската и медитеранската кинематографија.

Таа посочи дека првиот лауреат Владо Јовановски е уште еден доајен, исклучителен и препознатлив македонски филмски актер, кој остварил низа значајни улоги во македонската кинематографија и исто како и Мето Јовановски, ја креира и ја создава богатата историја на македонската кинематографија.

Во чест на Мето Јовановски, пред Кинотеката беше претставен и монументален мурал.

Подготвено од М.Д.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *