https://www.facebook.com/MKAUSPRIDE/photos/basw.Abo-B9SR7sKXUAhzrmk3Dn4mxgKDQ07ucGcq95kzULB9bDIDRiqKTNfwxMQxiYKYGOBlqz2bER5r9jyNXM6HtNriD6QUfHCvGCFLVI4Mey5mLRxARwTPkBD7ahDpiNe0dt7aH0lHit-hC4FYSXWlhMR23SuDldAfynhtnbrw9tS94w_2SpEmbb7fRQEtACFDlUM/2027430383994947/?opaqueCursor=AbrgbgmRnLYOnC5hbBEjj-nTVAWYj-ht0HZPk8w5-HK2oXOiAum6n5ALOqN1LSK5JnQh4T3gyoJdMIx3bRzscqGUYV5jUYyZaq1RhcE_O0N-lLpGaLCLQZa5XMpRPKC1sjUuaVUQMK9PQKVb1AlEX-0nsFaA0LKULTdnzp50GB6TVxFvkvG6eaV_LTo7tQ9yW0AWjuCtgnqcGLtVoPwOaT3jOMzqg05zWA5HlwUbHB1DMr8AyZAu6eDRG8oEtRRzSJPebzqIB705ZvaB1EBHJoMoLyd_6OAusyNMG0y2c-JGUtX1s6RZ4Mnio0nAn3Nx8DjyV7XuS0ebp33pqY5jOMd0TW5v_0h9UVFlPt6pyoUsjJHo1aah98pZhA2hycq8ynXC0jVlQxXEvHNfN5_zGjtsm4ot8ahtNDe-xEJlQbDAjMTD7OgmJnpvgb7BVLdHVMehufWLzivjt589rW5mmOVjNqjIiw048M_kj6CI_xxs5hUXgCePz1YRsSMdU0IITxGJa8wxMtfLUO_ZiEd4kDw9OY7v9lh26z_87Rgu-u2lqL94ZX5pYDdcmbuAg-u0kBGn8yjyKj_rMhJUSvCWeNHat0jRI8CYwSuIbFUY_XsrvjiR0TcbXg9AD0RJAQNH8mZzcqVw3wXtL7A3nfxAFLZWWzrj1sLyw0siHKtldYUN8vz-cgxI6vcyPMePCzwVfflQpcokQcWccHsR0FMjwmamgC8GkXAHtSBFpjittu4NZ6AfjfArOnko_rbpVK95z9Gf8ATpdOf_c05trwhSflyCgDNF5GP1jD-phbN2F5O1y3NQcsCT2hDLyptO6QcLXgdLlnelt_fJl5cYorIoBq6j7Fr6tr2H3yu1twL4TkN0Hs6PxuJq8OjzW55Qiqv77ijFniUqcIqRhwHOrJYqG5dZDQGpxZOYAvoOG8UTyB5l0g

07.08.2024 Скопје

Владата усвои дополнет ребаланс на Буџетот за 2024 година со кој се обезбедуваат дополнителни средства за повеќе институции:  Државната изборна комисија, Комисијата за заштита на конуренција, Агенцијата за заштита на лични податоци, МВР, Инспекцискиот совет, министерствата за образование и за транспорт и врски, Царинската управа, судската власт, Јавното обвинителство, Народниот правобранител, Советот на јавни обвинители, МАНУ,…

Димитриеска Кочоска посочи дека дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2024 ќе биде доставен на разгледување и усвојување во Собранието.

Како што рече денеска министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска на прес-конференција во Владата, со дополнетиот буџет се обезбедуваат средства за исплата на плати и набавка на опрема.

„ДИК доби дополнителни 350 милиони денари, Инспекцискиот совет 147 милиони, МВР 60 милиони за набавка на материјали за лични документи, МАНУ 18,7 милиони за научно-истражувачки проекти и 3,3 милиони за набавака на опрема, 87,2 милиони денари за дореализација на проектот брана Отиња, а дополнителни 20 милиони денари се наменети за надомест за одземен имот за проектот брана Отиња, односно за експропријација. Обезбедени се и 138 илјади денари за дореализација за набавка на опрема кај Народниот правобранител, информира министерката.

Таа посочи дека ребалансот е документ кој што бил подготвен и надограден, а со кој се обезбедуваат средства за исплата на сите права согласно закон.

„На тој начин обезбедуваме средства за целосно сервисирање на сите права кои што се доспани и до крајот на годината, средства за пензионерите, за вработенирте во администрацијата, за бизнисот, за здравството и слично“, рече министерката.

Со ребалансот на Буџетот обезбедени се повеќе од 4,1 милијарда денари дополнителни средства за исплата на плати, средства потребни за реализација на обврски за зголемување на платите согласно потпишани колективни договори и законски решенија кои беа донесени по усвојување на Буџетот за 2024 година и тоа Колективниот договор на УКИМ и измената на законите за високо образование и научно истражувачка дејност со кои во суштина се зголемија платите, посочи таа.

Исто така за усогласување со минималната плата за вработените каде минималната плата претставува компонента на основната плата, усогласување на платите според индексот на трошоци за живот за првите шест месеци од годината согласно одредбите од Општиот колективен договор за вработените во јавниот сектор. Ова право ќе биде исполнето со септемвриската плата на вработените, односно усогласувања се направени согласно трошоците на живот, рече Димитриеска Кочоска.

Има и 5,1 милијарда денари дополнително за исплата на пензии. За корисниците на правото гарантирана минимална помош обезбедени се дополнителни финансиски средства од околу 800 милиони денари, за здравствена заштита се обезбедени дополнителни 1,7 милијарди денари наменети за здравствено осигурување, боледување и исплата на обврски, дополнително обезбедени се 1 милијарда за ТИРЗ, за субвенции и трансфери за директна финансиска поддршка во земјоделството 1,7 милијарди денари, за студентски оброк дополнителни 437 милиони денари, како и 207 милиони денари за исплата на стипендии.

Со ребалансот на Буџетот издвоени се и 6 милијарди денари за проекти во општините.

„Намерата на Владата е со овој ребаланс да обезбедиме непречено сервисирање на обврските кон огромен број на граѓани и компании вклучувајќи ги младите, спортистите, земјоделците, пензионерите, како и вработените во администрацијата преку исполнување на нивните права согласно колективните договори“, рече Димитриеска Кочоска.

Одговарајќи на прашање на новинарите таа објасни дека посочените дополнителни средства за јавната администрација не се „од денес“ туку дека биле предвидени со првичниот ребаланс, но дека има потреба да го нагласи бидејќи во јавноста се создавало недоразбирање дека не се обезбедени средства.

„Се што е во рамки на закон во овој момент е обезбедено. Се што е веќе потпишан колективен договор е предвидено, друго се очекувањата“, рече Димитриеска Кочоска додавајќи дека во монентов се работи на буџетот за 2025 година каде што ќе се види што може да се направи онаму каде што имало несоодветен третман од претходната влада со цел тие разлики да се испеглаат.

„Носени се парцијално колективни договори и сега има неправедност меѓу слични институции во поглед на висината на платите“, рече министерката Димитриеска Кочоска.

Подготвено од М.Д.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *