01.08.2024 Скопје
Гинисовата книга на рекорди, како што во средата објави невладиното здружение „35 милиметри“, започна процес на оценување на нивната иницијатива за прогласување на владата на Црна Гора за рекордер во нова категорија – најголема густина на извршна власт по глава на жител.
По неодамнешната реконструкција, црногорската влада брои 34 членови и е влада со најмногу министри во историјата на земјата. Црна Гора има околу 620 илјади жители.
Така, според проценката на невладиното здружение, Црна Гора има 0,0000537 извршни функционери по глава на жител.
„Или, лаички кажано, нашето административно светско чудо од влада има 34 извршни функционери на 633.158 луѓе, односно на секои 18.627 луѓе добиваме по еден чувар на демократијата од извршната власт“, соопшти здружението „35 милиметри“.
Тие направија споредба со Република Хрватска, која има 18 владини претставници на 3.871.833 жители или еден владин претставник на 215.101 жител. Споредба направија и со Германија, која има 17 владини претставници, односно по еден на секои пет милиони жители.
Подготвено од М.Д.