notar-241794-3

14.08.2024 Скопје

Владата денеска ја одржа редовна седница на која донесе повеќе одлуки, меѓу кои и укинување на зголемувањето на нотарската тарифа.

Владата ја разгледа и ја усвои Одлуката за престанување на важење на согласноста за зголемување на нотарската тарифа. Според информацијата, претходната Одлука на Владата од 06 јуни, со која се покачија нотарските тарифи беше оценето дека е избрзана и предизвика товар врз граѓаните, соопштија од владата.

Десетина дена пред да ја напушти фотелјата, екс министерот за правда во заминување Кренар Лога ги покачи нотарските тарифи за два до 10 пати. Новата нотарска тарифа е објавена во Службен весник на 12 јуни, но ниту владата, ниту Министерството за правда не се „пофалија“ со покачувањето на цените.

Лога ја потпишал новата тарифа уште во февруари, но Владата дала согласност дури по завршувањето на изборите, иако во соопштенијата по владините седници немаше ваква информација.

Подготвено од М..Д.

About Author