KAPENJE VO MORE

01.08.2024 Скопје

Шпанскиот град Марбеља воведе казни од 750 евра за оние кои вршат нужда во морето на една од неговите 25 плажи.

Во екот на туристичката сезона, плажите долж јадранскиот брег се преполни со посетители од целиот свет. Различното население со себе носи различни културни обичаи, однесувања и хигиенски стандарди. Една од честите дилеми е мокрењето во море.

Според Американското хемиско здружение, ваквото однесување не само што е безопасно, туку може да има и корисни аспекти.

Имено, човечката урина е 95 % вода, а присутниот натриум хлорид, кој веќе се наоѓа во морската вода, не штети на морската средина. Дури и сите луѓе во светот да уринираат во морето во исто време, според експертите нема да има еколошки штети. Биохемичарот Стјуарт Џонс објаснува дека урината е безопасна и кога ќе се разреди со морска вода, за многу кратко време станува безначајна.

Истражувањата покажаа дека 62 % од капачите мочаат во морето, а оваа појава не е ограничена само на луѓето. На пример, кит може да испушти 970 литри урина во океанот дневно. И покрај тоа, научниците препорачуваат да се избегнува мокрење во помали заливи каде што водата циркулира помалку.

Од друга страна, мокрењето во морето може да се смета за грубо и нехигиенско, како што покажуваат некои локални прописи.

Шпанскиот град Марбеља воведе казни од 750 евра за оние кои вршат нужда во морето на една од неговите 25 плажи. Исто така, во Сан Педро дел Пинатар во Мурсија, мокрењето во морето е забрането од 2017 година.

Што се однесува до базените, ситуацијата е поинаква. Иако мочањето во базен може да изгледа безопасно, мешањето на урината со хлор може да создаде штетни хемикалии, како што е хлор цијанид, што може да го оштети срцето и белите дробови.

Подготвено од М.Д.

About Author