09.08.2024 Скопје
Меѓународниот аеродром Валона ќе биде подготвен на крајот на 2024 година да влезе во европските тестови за сертификација.
Веста ја соопшти премиерот на Албанија, Еди Рама, кој објави и видео со поглед на овој аеродром, кој како што истакна шефот на владата, ќе ги пречека првите патници во летото 2025 година.
„ДОБРО УТРО со летот на легендарниот Алкет Ислами над пистата на меѓународниот аеродром Валона, кој ќе биде готов на крајот на годината да влезе во европските тестови за сертификација и да ги пречека првите патници следното лето, ви посакувам убав ден“, напиша Рама.
На 20 април 2021 година беше потпишан договорот за изградба на аеродромот во Валона и започна неговата изградба.
Овој аеродром ќе биде трет во земјата со прекуокеански летови.
Подготвено од М.Д.