23.08.2024 Скопје
Од почетокот на следната година во Унгарија ќе стартува таканаречената програма „златни унгарски визи“ за странски инвеститори кои ќе бидат одобрувани од владата на премиерот Виктор Орбан.
Законот со кој се воведуваат овие визи нуди 3 опции кои можат да ги искористат инвеститорите за да ги користат привилегиите на овие визи. Привилегија на „златната виза“ е право на десетгодишен престој во Унгарија и добивање унгарски пасош кој овозможува неограничено движење во Шенген зоната.
Првата опција е да се купи недвижен имот во Унгарија во вредност од најмалку половина милион евра., Втората е да се инвестираат најмалку 250.000 евра во инвестициски фондови за недвижнини издадени од Унгарската народна банка. Третата опција е јавна донација од најмалку еден милион евра.
Ова е уште една практика која може да ја налути Европската Унија бидејќи во законот не е наведено дека овие пасоши нема да се издаваат на Руси и Белоруси.
Подготвено од М.Д.