31.08.2024 Скопје
Украина ќе продолжи да ги исполнува своите обврски поврзани со транзитот на руската нафта во Европа, изјави во петокот советник на украинскиот претседател, откако претходно изјави дека од 1 јануари, по истекот на договорот, може да го прекине транзитот на нафта. преку цевководот Дружба.
Михаило Подољак рече дека Украина ги поддржува напорите на ЕУ за диверзификација на снабдувањето со нафта и нема да ги раскине договорите кој има важност до крајот на 2029 година.
„Украина ги исполнува и ќе ги исполни договорните обврски во целост до предвидениот рок… бидејќи се работи за нашите билатерални односи со европските земји“, рече Подољак.
Оваа одлука, којашто доаѓа најверојатно по реакција на Брисел, го потврди и шефот на украинската нафтена компанија „Нафтогаз“, Олексеј Чернишов.
„Украина останува сигурен партнер на европските земји. Ќе продолжиме да ги исполнуваме нашите обврски од сегашните договори за транспорт на гас и нафта“, рече Чернишов.
Нафтоводот Дружба транспортира нафта од Русија до Белорусија, каде што се разгранува на север кон Полска и Германија и на југ до Украина, од каде што ги снабдува Словачка, Унгарија и Чешка.
Европската унија се обидува да се одвикне од зависноста од руската енергија откако по руската инвазија во Украина во 2022 година, но на Чешка, Словачка и Унгарија им треба повеќе време. Западноевропските земји и покрај забраната и за бродски транспорираната нафта, пак, ја купуваат руската нафта, за која Г7 предводени од САД воведоа лимит на цената од 60 долари по барел, преку трети земји каде што наводно е преработена.
Кога станува збор за гасот, регионот очекува намалување на снабдувањето следната година бидејќи Киев не планира да го обнови договорот со Москва кој истекува на 31-ви декември.
Чешки официјален претставник рече дека неговата земја може да се справи со намалувањето на снабдувањето. „Тоа не е проблем за Чешка“, рече Вацлав Бартушка, претставник на земјата за енергетска безбедност.
Чешкиот државен нафтовод МЕRО инвестира во зголемување на капацитетот на гасоводот TAL кој минува од Италија до Германија и се поврзува со гасоводот IKL што ја снабдува Чешка.
Зголемените капацитети од следната година би требало да бидат доволни за сите потреби на две чешки рафинерии, сопственост на полски „Orlen“, во количество од 8 милиони тони сурова нафта годишно.
Подготвено од М.Д.