07.08.2024 Скопје
Во 2023 година до македонските органи пристигнале 3.200 барања на турски државјани за добивање на македонско државјанство. Само годинава таа бројка е 2.300 барања, се вели во одговорот на МВР на нашето прашање за тоа од кои земји Р.С. Македонија добива барања за државјанство. Наредни на листата, со многу помали бројки се Косово, Србија, Албанија, Хрватска и Словенија.
Лани поднесени се околу 500 барања за стекнување со македонско државјанство од државјани на Косово, Србија, Албанија, Хрватска, Словенија и други држави. Бројката на поднесени барања од турски државјани за 2023 година е 3.200.
Годинава поднесени се 150 барања за стекнување со македонско државјанство од државјани на Косово, па следуваат Србија, Албанија, Хрватска, Словенија и други држави. Во 2024 година добиени се 2.300 барања за македонско државјанство од турски државјани, покажуваат бројките на МВР. Големиот интерес на поднесување на барања на турските државјани следува по посетата на Турција на тогашниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски на 17 мај 2022 година. Тогаш Спасовски, за време на посетата на фестивал на Турците од Измир, Маниса и Ахисар, а по потекло од Р.С. Македонија, вети либерална постапка за добивање на македонско државјанство за иселениците Турци од Р.С. Македонија. Спасовски во Маниса ги повикал Турците со потекло од Р.С. Македонија масовно да аплицираат ветувајќи брза постапка за добивање државјанство на Р.С. Македонија.
На оваа негова постапка реагираа неколку партии на Турците од Р.С. Македонија кои велат дека иселениците „потрошија многу време и дадоа многу пари за адвокати, нотари, по наши институции, матични служби и преведувачи и обезбедија документација… но одговор нема.
Интересот за добивање на македонско државјанство на македонските иселеници во Турција, се должи на законските измени стапувањето во сила на законот за изменување и дополнување на Законот за државјанство (од 30 јули 2021), согласно членот 8 кој се однесува на македонските иселеници.
Подготвено од М.Д.