13.08.2024 Скопје

Турција би можела да го блокира пристапот до социјалната мрежа Телеграм бидејќи, како што е утврдено според прелиминарните податоци, преку каналот се продава дрога и се промовира проституција и коцкање.

„Апликацијата Телеграм што нашироко се користи во Турција, стана „криминално мочуриште“. Познато е дека дрогата слободно се продава преку каналите отворени на Телеграм, а се промовираат проституција, коцкање и педофилски видеа“.

Турската Управа за информатички и комуникациски технологии (БТК) испратила повеќе од илјада писма до седиштето на Телеграм во Обединетото Кралство, барајќи од нив да ги затворат каналите, но не добиле одговор.

„Кажано е дека доколку Телеграм за кусо време не преземе мерки против овие канали пристапот може да биде блокиран“, се наведува во соопштението.

Турските власти на 2 август го блокираа пристапот до Инстаграм.

Министерот за транспорт и инфраструктура Абдулкадир Уралоглу вчера изјави дека пристапот до оваа социјална мрежа на компанијата Мета е повторно воспоставен по преговорите и ветувањата дадени од неа.

Подготвено од М.Д.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *