12.08.2024 Скопје
Во ова вреке кога е врв на туристичката сезона, а целта на Хрватска е резултатите да бидат исти или подобри од претходните години. Во 2023 година беа остварени 19,5 милиони пристигнувања и 92,4 милиони ноќевања, со што практично се достигна рекордната 2019 година.
Голем број граѓани на Хрватска исто така ќе сакаат да го искористат годишниот одмор за летен одмор, било на брегот или на континентот. Без разлика каде би сакале да летуваат, голем број Хрвати не можат да си дозволат еднонеделен годишен одмор подалеку од местото на живеење.
Процентот на луѓе кои не можат да платат еднонеделен одмор може да биде еден од показателите за стандардот, а според него, хрватските граѓани се меѓу најсиромашните во ЕУ. Добрата вест е што овој процент драстично опаѓа во последните неколку години.
Четири од десет Хрвати не можат да си дозволат неделен одмор надвор од местото на живеење.
Минатата година 39 отсто од хрватските жители над 16 години не можеле да си дозволат неделен одмор надвор од местото на живеење, што е еден од највисоките проценти во ЕУ. Најлошо е за Романците, 60 отсто од нив не можат да си дозволат еднонеделен одмор надвор од местото на живеење. Следат Бугарите со 44 отсто и Унгарците и Грците со 43 отсто.
Хрватска е далеку над просекот на ЕУ од 29 отсто, а особено земјите како Данска, Финска, Холандија, Шведска и Норвешка, каде што процентот на оние кои не можат да си дозволат еднонеделен одмор е 15 или помалку.
Поготвено од М.Д.