13.08.2024 Скопје
Независни експерти назначени од Светската здравствена организација (СЗО) утре ќе одржат виртуелен состанок за да одлучат дали избувнувањето на вирусот мпокс (мајмунски сипаници) во Африка претставува глобална вонредна состојба.
Експертскиот комитет ќе му даде мислење на генералниот директор на СЗО, Тедрос Гебрејесус, дали мпокс претставува вонредна здравствена состојба на меѓународно ниво, како и какви препораки треба да се дадат за да се спречи ширењето на вирусот.
Мпокс е вирусна инфекција која е типична за делови од Африка и се шири преку контакт со заразени животни, како и меѓу членовите на семејството, а се карактеризира со висока температура и појава на гнојни плускавци.
Подготвено од М.Д.