sobiranje otpad

01.08.2024 Скопје

Светот произведува огромни 2,12 милијарди тони отпад секоја година, за што се потребни околу 1,6 планети за да го апсорбираат. Проценките се дека до 2030 година ќе ни требаат две планети за да го складираме ѓубрето што го создаваме!

Да се селектира отпад не е тешко. Напротив, потребна е само висока еколошка свест, малку волја и добра организација. Една од најважните алки во одвојувањето на отпадот се домаќинствата, каде што се врши првата и најдетална поделба на различните видови отпад што можат повторно да се употребат или да се рециклираат.

Но, што се прави со биоотпадот во Република Северна Македонија што го генерираат 150. најголеми компании од агросекторот?  Согласно со податоците добиени во процесот на мапирање и испитување на компаниите, од Асоцијацијата на биогасни централи и производители на биомаса во рамките на Стопанската комора на Република Северна Македонија, се генерираат над 1,9 милиони тони отпад во сточарството (30 % мапиран), а околу 41.031 тони отпад во делот на преработувачката индустрија, процесирањето овошје и зеленчук и во винарниците (70 % мапиран).

Биоотпадот претставува глобален проблем, кој негативно се одразува на животната средина, социјалниот статус и на економијата. Според Светска банка, во 2021 година имало 2,01 милијарди тони или зголемување од 70 % во однос на 2016 година, а се предвидува дека во светот би имало до 3,4 милијарди тони во 2050 година.

Во согласност со легислативата на ЕУ, односно измените на ЕУ (2008, 2018б), органскиот отпад ќе мора да се одвојува на изворот, а 65 % од него да се рециклираат до 2035 година. Република Северна Македонија е обврзана да спроведе активности за решавање на проблемот со органскиот отпад и намалување на емисијата на ЦО2. Целта на ЕУ е до 2030 година да ја намали емисијата на ЦО2 за 55 %.

Сегашната практика покажува дека комуналните претпријатија немаат капацитети за менаџирање со органскиот отпад и за негово безбедно одлагање.

Подготвено од М.Д.

About Author