SUD

22.08.2024 Скопје

Активностите на интернет на тоа момче, кое објавувало и споделувало повеќе од 1.700 пропагандни видеа или сцени на масакри, го привлекле вниманието на француските власти.

Од декември 2023 година, момчето објавило повеќе од 1.700 пропагандни видеа или сцени на масакри извршени од џихадисти на интернет и ги споделил преку неколку шифрирани апликации за комуникација, рече обвинителот на прес-конференција.

За време на речиси четиричасовното затворено рочиште пред судијата за малолетници, момчето признало дека се заинтересирало за исламот и потоа пристапило до порталите за отворени дискусии Discord и Telegram.

„Бил во можност да учествува во дискусии за радикалниот исламизам и неколку пати ни објасни дека е регрутиран“, прецизираше обвинителот.

Со оглед на неговата возраст, момчето, кое живее во францускиот град Сошо, не може да биде ставено под судски надзор, но му се изречени привремени законски мерки пред изрекување кривичната санкција, што ќе биде изречена за седум месеци.

Подготвено од М.Д.

About Author