ZNAME SHVAJCARIJA

31.08.2024 Скопје

Група безбедносни експерти објави извештај во кој се повикува Швајцарија да се откаже од својата воена неутралност и да ја интензивира соработката со НАТО.

Швајцарија е официјално неутрална земја уште од почетокот на 16 век, а посебно се истакнува нејзината воена неутралност. Таа не учествувала во ниту еден поголем конфликт и не е членка на ниту една воена алијанса.

Меѓутоа, безбедносните експерти сега велат дека е време да се промени таа политика, особено поради инвазијата на Русија врз Украина, започната во февруари 2022 година.

Во изработката на извештајот учествувале дипломати, безбедносни експерти, високи претставници на швајцарската армија, како и поранешниот директор на Минхенската безбедносна конференција, Волфганг Ишингер. Извештајот официјално беше претставен на министерката за безбедност, одбрана и спорт и актуелна претседателка на Швајцарија, Виола Амхерд.

Иако е малку веројатно дека Швајцарија ќе се приклучи на НАТО и ЕУ, имајќи предвид дека оваа држава дури во 2002 година стана членка на Обединетите нации, самото повикување на подлабока соработка со овие организации е значителна промена од досегашната политика на неутралност.

Значителен фактор, како што истакнуваат аналитичарите, се и финансиите. Швајцарија има закон кој забранува продажба на оружје на држави кои се во активен конфликт, што значително го намали извозот на оружје. Експертите кои го изработија извештајот велат дека овој закон мора да биде укинат.

Сепак, тешко е да се очекува дека сè што е напишано во извештајот ќе биде имплементирано. Швајцарскиот парламент има значително присуство на пацифистички и екстремно десничарски партии кои се противат на поголема соработка со НАТО, и тие веќе почнаа да го користат овој извештај за напади врз претседателката Амхерд.

Подготвено од М.Д.

About Author