20.08.2024 Скопје
Колку марихуана во крвта смеат да имаат германските возачи? По легализацијата на канабисот претходно годинава, сега стапи на сила и закон за ограничувањата на опојната супстанца во сообраќајот, откако го потпиша претседателот Франк Валтер Штајнмаер.
Законот постави граница од 3,5 нанограма по милилитар крв за опојната состојка на канабисот ТХЦ, слично на границата од 0,5 промили за алкохол.
За возачите почетници и оние кои истовремено пијат алкохол и „дуваат“ правилата се построги.
Кој намерно или од негрижа вози со 3,5 нанограма ТХЦ или повеќе, може да смета на најчестата казна од 500 евра и едномесечна забрана за возење.
Возачот кој полицијата ќе го фати пијан и под дејство на канабис ќе мора да плати по правило 1.000 евра.
Луѓето со пробна возачка дозвола од две години и помладите од 21 година не смеат воопшти да консумираат марихуана, како и алкохол. Казната е 250 евра.
Подготвено од М.Д.