22.08.2024 Скопје
По одлуката на Министерството за внатрешни работи на Косово за продолжување на рокот за замена на српските возачки дозволи издадени за граѓаните во Косово, возачите кои нема да ги заменат дозволите до петок ќе се соочат со казни.
Заменик-командантот на косовската полиција за северниот регион, Ветон Елшани, изјави дека српските возачки дозволи, по истекот на овој рок, ќе се сметаат за неважечки, а возачите со такви документи ќе бидат казнувани како да немаат возачка дозвола.
Министерството за внатрешни работи на Косово на почетокот на мај донесе одлука за замена на српските возачки дозволи, издадени за граѓаните во Косово, кои се нелегални, со косовски дозволи. Одлуката стапи во сила на 9 мај, а рокот за замена е петок, 23 август.
Подготвено од М.Д.