Nikola-Jokic

07.08.2024 Скопје

Во четвртфиналето на олимпискиот кошаркарски турнир во Париз, бевме сведоци на драматичен четвртфинален натпревар меѓу актуелните светски вицешампиони Србија и освојувачите на бронзен медали од Токио, Австралија.

По драмата во продолжението Србите победија со резултат 95:90 и се пласираа во полуфиналето. Тоа беше чудесен кам-бек на Србите, бидејќи Австралијците имаа водство од дури 24 поени во втората четвртина.

Австралијците на отворањето на мечот ги декласираа Србите на крилата на одличните Пети Милс и Џош Гиди, но во вториот дел ситуацијата се сврте и Србите се вратија, а на стартот од последната четвртина дури го имаа водство. Милс во последните секунди упати шут од половина дистанца за израмнување на 82:82.

Во продолжението се истакна најдобриот светски играч Никола Јокиќ. Во текот на целиот натпревар капитенот Богдан Богдановиќ ги водеше Србите, но во последните три минути од продолжението Јокиќ покажа зошто е МВП на НБА.

Украде топки и удри „банана“ до Гидеј во клучен момент, а во нападот, по неговиот познат „Sombor Shuffle“, повратен удар од едната нога, ѝ донесе предност на Србија која се покажа недостижна. Јокиќ мечот го заврши со 21 поен, 14 скока и осум асистенции, а Богдановиќ постигна 17 поени. Во полуфиналето Србите ќе играат против САД или Бразил.

Подготвено од М.Д.

About Author