13.08.2024 Скопје
Најчестото име за девојчиња во светот е популарно и во Република Северна Македонија.
Моментално најпопуларното име во светот за девојчиња е Софија, лесно се изговара на многу јазици, а значи мудрост.
До ваков заклучок дошла американската експертка за име Лаура Ватенберг која наведува дека Мексико, Италија, Русија и Америка се меѓу земјите со најмногу девојчиња со име Софија.
„Неверојатно е што на толку многу различни јазици и во толку многу различни култури, едно име звучи исто. Тоа секако кажува нешто за начинот на кој културата се пренесува денес“, вели Ватенберг.
Мексико, Русија, Аргентина, Италија, Швајцарија, Естонија, Чиле и Словачка се земјите во кои родителите најчесто ги именуваат своите девојчиња Софија. Тоа е меѓу трите најпопуларни имиња во дури 20 земји.
Софија на грчки значи мудрост, а тајната на популарноста на името делумно е во тоа што се изговара исто на различни јазици.
Подготвено од М.Д.