SLADOLED

10.08.2024 Скопје

Европската Унија произвела 3,2 милијарди литри сладолед во текот на изминатата 2023 година, што е намалување за 1,4 отсто во споредба со 2022 година, кога беа произведени 3,3 милијарди литри.

Меѓу земјите на ЕУ, според податоците на Европскиот завод за статистика – Еуростат, Германија била главен производител на сладолед во 2023 година со производство од 612 милиони литри, потоа Франција со 568 милиони литри и Италија со 527 милиони литри.

Покрај тоа што беше најголем производител на сладолед во 2023 година, Германија го произведе најевтиниот сладолед во просек од 1,8 евра за литар. Франција пријавила просечна цена од 2,2 евра за литар сладолед, додека просечната цена во Италија била 2,6 евра за литар.

Заедно со Германија, најевтин сладолед е произведен во Литванија со просечна цена од 1,9 евра за литар, потоа Чешка со 2,0 евра за литар и Шведска со 2,1 евро за литар.Најскап сладолед е произведен во Австриј со просечна цена од 7,7 евра за литар сладолед, потоа Унгарија со 4,8 евра за литар и Грција со 3,7 евра за литар.

Во 2023 година, земјите од ЕУ извезле 261 милион килограми сладолед во земји надвор од ЕУ, со вкупна вредност од 1,04 милијарди евра. Од друга страна, увозот на сладолед од земји кои не се членки на ЕУ изнесува 56 милиони килограми, во вредност од 217 милиони евра.

Извозот е зголемен за пет отсто во однос на 2022 година кога се произведени 249 милиони килограми, додека увозот надвор од ЕУ е намален за осум отсто во 2023 година и изнесува 61 милион килограми.

Во 2023 година Франција извезла 52 милиони килограми сладолед во земји надвор од ЕУ, што претставува дваесет проценти од извозот на сладолед од ЕУ.

Ова го направи најголемиот извозник на сладолед во ЕУ, пред Холандија, која, според Евростат, извезла 35 милиони килограми или 14 отсто од извозот на сладолед во ЕУ, а по неа е Германија, која извезла 29 милиони килограми или 11 отсто, Италија (28 милиони килограми или 11 отсто) и Ирска која извезла девет отсто или 24 милиони килограми сладолед.

Подготвено од М.Д.

About Author