Protivvozdusen-top-na-bregot-na-Zenevsko-ezero-fotografija-EPA-Salvatore-di-Nolfi

19.08.2024 Скопје

Швајцарија понуди парична награда за проект за чистење на стара муниција фрлена во алпските езера. Министерството за одбрана издвои 50.000 франци за да ја награди најдобрата идеја за отстранување на муницијата.

Швацјарија не била бомбардирана, но војската долго време го фрлала вишокот муниција во езерата, верувајќи дека таму ќе биде безбедна. Само на дното на езерото Луцерн има околу 3.300 тони муниција, а  дури 4.500 тони има во водите на Нојшател, каде што швајцарската авијација спроведувала вежби сѐ до 2021 година. Лоцирањето и отстранувањето на муницијата се големи предизвици, бидејќи некои езера се длабоки од 150 до 220 метри. Во Нојшател операцијата би требало да е полесна, бидејќи муницијата е едвај шест до седум метри од површината.

Наградата е понудена за најдоброто технолошко решение, со максимална безбедност и заштита на природата. Победникот ќе биде прогласен во април в година, но операција на вадење на муницијата би  траеле многу подолго и би чинела милијарди франци.

Геологот Маркос Бузер уште пред десет години предупреди колку голема опасност претставува муницијата на дното на езерата.

Проекцијата спроведена во 2005 година покажала дека сите претпоставени технологии за вадење на муницијата претставуваат еколошки ризик.

Во 1947 година во Митхолц одекнала голема експлозија кога се активирале 3.000 тони муниција што армијата ги чувала во магацин во планината над селото. Загинале девет луѓе, а селото било уништено. Експлозијата се слушнала сѐ до Цирих, оддалечен 160 километри.

Пред три години армијата утврдила дека во магацинот сѐ уште има 3.500 тони неексплодирана муниција и најави нејзино отстранување.

Во 2001 година, 11 луѓе загинале при судар на два камиони во тунелот Готард. Додека камионите гореле, во близина имало огромно количество експлозив, веројатно поставено од стратегиски причини за време на Студената војна.

Подготвено од М.Д.

About Author