26.08.2024 Скопје
Според најновите податоци на Федералниот завод за статистика, на 31 декември 2023 година во Швајцарија живееле 8.962.300 луѓе – што е зголемување од 1,7 отсто во споредба со претходната година.
Главната причина за ова зголемување е имиграцијата, првенствено луѓето од Украина со статус на заштита С. Вкупно 59.500 Украинци сега припаѓаат на постојаното население и сочинуваат 2,5 отсто од странското население! Без нив, растот ќе бил значително помал, само 1,1 отсто.
Швајцарското население старее и покрај растот на бројот на Швајцарците: нивниот број се зголеми за 25.600 луѓе, или 0,4 отсто. Кантонален рекордер по раст на населението е кантонот Вале, со пораст од 2,4 отсто.
Имиграцијата достигнала рекордни 263.100 луѓе, а најголемата група ја сочинуваат Украинците. Истовремено од земјата се иселиле 124.000 луѓе.
И покрај растот, швајцарското население продолжува да старее.
Бројот на лица постари од 64 години е зголемен на 1.730.300, што е зголемување за 2,3 отсто. Посебно расте бројот на многу стари лица: 2.086 лица имале 100 години или постари во 2023 година, што е зголемување за 7,1 отсто во споредба со претходната година.
Меѓу нив жените се пет пати побројни од мажите. Овие податоци покажуваат: Швајцарија расте и станува поразновидна, но и постара. Ова е тренд што ќе продолжи да ја обликува земјата и во наредните години.
Подготвено од М.Д.