23.08.2024 Скопје

Семејство загина во пожар што избувна во текот на ноќта во Нови Сад, а меѓу жртвите се претпоставува дека има четири деца.

Пожарот прв го забележал сосед на семејството кој потоа се обидел да им се јави и да им помогне, но не успеал, па повикал противпожарна единица, пренесуваат српските медиуми.

Итната помош брзо реагирала, но несреќното семејство не можело да се спаси.

Според првичните информации, се сомнева дека пожарот избувнал поради електрични инсталации, односно електричен велосипед кој бил на полнач.

Подготвено од М.Д.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *