28.08.2024 Скопје
По барање на Киев, генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг свика седница на Советот НАТО-Украина, која ќе се одржи денес, соопшти портпаролката на Алијансата, Фара Дахла.
„Средбата ќе се одржи на ниво на амбасадори, изјави Дахла. – Се очекува украинскиот министер за одбрана, Рустем Умеров, преку видеоврска да ги информира сојузниците за ситуацијата на бојното поле и да ги наведе приоритетните потреби на украинската армија“, додаде таа.
Советот НАТО-Украина беше основан минатата година за да обезбеди поблиска координација помеѓу Алијансата и Киев.
„Утрешната средба се свикува по последните тешки руски напади врз украинските цивили и инфраструктура. Сојузниците од НАТО пружија значителна поддршка за воздушната одбрана на Украина и се решени да продолжат да ја зајакнуваат“, изјави Дахла.
Русија денеска нападна со ракети и дронови десетици украински региони, при што загинаа најмалку пет лица. Ден претходно, Москва го изврши најголемиот воздушен напад врз Украина од почетокот на војната.
Подготвено од М.Д.