19.08.2024 Скопје

Најмалку 23 лица се повредени откако се запалија две гондоли на панорамско тркало на музички фестивал близу Лајпциг. Пожарот почнал на една гондола и потоа се проширил на уште една, кажа полицијата.

Четворица повредени имале изгореници, а едно лице се повредило при пад. Останатите се примени во болница поради вдишување чад.

Несреќата се случи на фестивалот „Хајфилд“ крај езерото Штермталер близу Лајпциг, Причината за пожарот засега не е позната.

Операторот на панорамското тркало соопшти дека во гондолите што изгореле немало патници.

Подготвено од М.Д.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *