Pozar-Nevena-Kolor

24.08.2024 Скопје

Причината за пожарот во фабриката „Невена колор“ во Лесковац, Србија, сè уште не е позната, а началникот на одделението за општи работи на градот Лесковац, Милан Поповиќ изјави дека пожарот најпрвин го зафатил магацинот со суровини, а избувнал околу 16:55 часот.

Лесковац веќе подолго време е завиен густ чад, а во акцијата за гаснење се повредени тројца пожарникари. Нивната состојба е стабилна и не се во животна опасност.

Четири екипи на Итна помош постојано се на терен.

Во фабриката за бои и лакови „Невена колор“ нема втора смена, па во моментот на пожарот во неа немало работници.

Вечерва на терен се 49 пожарникари и спасувачи со 17 возила.

Во истата фабрика пожар избувна и во јули 2012 година кога се запали централната комора за климатизација. Тогаш немаше повредени. Пожар избувна и во ноември 2006 година кога целосно изгоре еден од погоните на фабриката.

Подготвено од М.Д.

About Author