island-gleceri

26.08.2024 Скопје

Две лица се повредени, а уште две се водат како исчезнати откако вчера се урна ледена пештера во југоисточниот дел на Исланд.

Група од 25 туристи била во посета на глечерот Брејдамеркурјокул како дел од тура со водич кога пештерата се урнала.

Според локалните медиуми, распоредени биле десетици спасувачи, вклучително и специјализирани спасувачи во пештери и два хеликоптери.

Портпаролката на локалните власти изјави дека условите на местото на несреќата се исклучително тешки.

Подготвено од М.Д.

About Author