07.08.2024 Скопје
Најмалку едно лице загина, а осум се затрупани под урнатините на хотел во западна Германија, соопшти денеска локалната полиција.
Се верува дека 14 лица биле во хотел покрај реката Мозел кога еден кат од хотелот се урнал синоќа околу 23 часот.
Меѓу затрушаните има и дете, но, според германските медиуми, воспоставен е контакт со детето кое било затрупано под урнатините и тоа не е повредено.
Досега итната медицинска помош констатирала смрт на едно лице, но не успеале да го извлечат телото.
Лекарите биле во контакт со уште осум лица кои останале заробени во хотелот, од кои некои се тешко повредени, додава полицијата.
Полицијата евакуирала 31 лице од околината на оштетената зграда, а сѐ уште не е познато што го предизвикало уривањето.
Подготвено од М.Д.