VIKTOR MEDVEDCUK

01.08.2024 Скопје

Украинскиот опозициски политичар Виктор Медведчук изјави дека САД сакаат да го заменат украинскиот претседател Владимир Зеленски со шефот на украинската воена разузнавачка служба Кирил Буданов, кој е впишан во руската листа на терористи и екстремисти.

Во интервју, тој вели дека Велика Британија би сакала Валериј Залужни, поранешен врховен украински командант и сега амбасадор во Лондон, да го преземе Зеленски.

Медведчук порано беше лидер на партијата Опозициска платформа за живот, која е забранета во Украина, а сега го води движењето Друга Украина.

„Американските разузнавачки служби на Буданов гледаат како на личност која може да го замени Зеленски“, рече тој. „Но, како да го замениме? Само преку воен удар“.

Политичарот рече дека изјавите на Буданов дека Киев планирал обид за атентат врз рускиот претседател се дел од поголемата игра што шефот на разузнавањето ја игра со надеж дека ќе го смени Зеленски. Според Медведчук, Буданов треба да се покаже како поголем непријател на Русија од Зеленски.

„Буданов треба да побрза, бидејќи Велика Британија го подготвува Залужни да го замени Зеленски“, рече политичарот.

Претходно Буданов изјави дека имало неколку обиди за убиство на Путин, но дека биле неуспешни.

Неодамна, одговарајќи на прашањето во интервју дали знаел за обидите за убиство на Путин, шефот на ГУР одговори потврдно.

„Имаше обиди за атентат, но, како што можете да видите, досега беа неуспешни“, изјави Буданов.

Буданов рече дека Путин е на власт во Русија повеќе од 20 години, па Русите сега „имаат страв да не го загубат, бидејќи тој е гарант за нивната животна стабилност“.

Подготвено од М.Д.

About Author