06.08.2024 Скопје
САД испратија конзистентни пораки преку својот дипломатски ангажман, охрабрувајќи ги другите земји да му пренесат на Иран дека предизвикувањето ескалација на Блискиот Исток не е во нивен интерес, изјави портпаролот на Стејт департментот, Метју Милер.
Американскиот државен секретар, Ентони Блинкен денеска разговараше со премиерот на Катар, шеикот Мохамед бин Абдулрахман Ал Тани, како и со шефот на египетската дипломатија, Бадр Абделати, за тензиите на Блискиот Исток, додаде Милер на прес-конференцијата.
Милер не прецизираше дефинитивно дали пораките на Вашингтон се пренесени до Иран, пренесоа британските медиуми.
Подготвено од М.Д.