kenedi junior kandidat za pretsedatel na sad

22.08.2024 Скопје

Кенеди Јуниор се очекува да се откаже од трката за Белата куќа, објавија американски медиуми, а независниот кандидат треба да има големо обраќање во текот на неделава.

Кенеди, чија поддршка беше 8,7 проценти во анкетата на „Хил“ ширум земјата оваа недела, ќе го поддржи републиканскиот кандидат Доналд Трамп по откажувањето.

Аналитичарите велат дека во тесната трка меѓу Камала Харис од Демократската партија и Трамп за претседателската функција, гласовите на поддржувачите на Кенеди би можеле да го одредат исходот во некои држави.

Кенеди е адвокат за заштита на животната средина и долгогодишен скептик за вакцини, чија кампања се бореше да добие привлечност кај мејнстрим гласачите.

Неговата кампања синоќа соопшти дека в петок тој ќе и се обрати на нацијата од сојузната држава Аризона, каде што Трамп исто така треба да одржи предизборен настан тој ден.

„Независниот претседателски кандидат Роберт Ф. Кенеди Јуниор в петок ќе и се обрати на нацијата во живо за сегашниот историски момент и неговиот пат напред“, се вели во кусото соопштение од кампањата.

Подготвено од М.Д.

About Author