07.08.2024 Скопје
Со брзина на интернет конекциите од 97,9 Mbps, Р.С Македонија е пред Словенија, 97,0 Mbps, Србија 60,5 Mbps, Косово 57,3 Mbps, Грција 53,9 Mbps, Црна Гора 49,5 Mbps, Босна и Херцеговина 44,0 Mbps и Бугарија 40,4 Mbps.
Најбрз интернет во Еропа има на островот Џерси (264 Mbps) лоциран меѓу Велика Британија и Франција, во Лихтенштајн 246,8 Mbps и во Исланд 229,4 Mbps.
Во Франција брзината на интернетот е 152.5 Mbps, во Холандија 142,5 Mbps, во Шпанија 133,3 Mbps, а во Германија 81,7 Mbps.
Најбавен интерен во Европа имаат Хрватска 25,7 Mbps, Албанија 25,4 Mbps и Турција 24,8 Mbps.
Податоците на Cable.co.uk се базираат на анализа на над 1,5 милијарди тестови за брзина на широкопојасен интернет во 229 земји, во текот на 12 месеци, завршувајќи на 30 јуни 2024 година.
Подготвено од М.Д.