27.08.2024 Скопје
Министерот за здравство Арбен Таравари најави донација од 11 илјади вакцини против Ковид-19, изразувајќи надеж дека ќе пристигнат следните 10 дена.
За другите вакцини со Европската комисија се води набавка за сите држави во Европската Унија и Р.С. Македонија е во тој пакет. Колку што имам информации, тој е во финална фаза и наскоро ќе бидат снабдени сите европски држави, па и Р.С. Македонија, со вакцини за инфлуенца и за ковид, одговори министерот на новинарско прашање.
Тој одговараше на новинарски прашања, по увидот во градежните работи на првиот социјален клуб за адолесценти и возрасни со аутистичен спектар, заедно со бугарскиот амбасадор Ангел Ангелов и градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски.
Подготвено од М.Д.