fukushima-640x426

14.08.2024 Скопје

Околу 25 тони вода, загадена со радиоактивен отпад, истекоа од блокот два на јапонската нуклеарна централа Фукушима-1, објави утрово јапонска телевизија, повикувајќи се на енергетската компанија „Tokyo Electric Power“ (TEPCO).

Увидот на зградата на реакторот откри дека околу 25 тони вода протекоа во подрумите преку канализацијата. Не е откриено надворешно истекување.

Се наведува дека робот ќе се користи за подетален преглед.

Подготвено од М.Д.

About Author