26.08.2024 Скопје
По повеќе од месец и половина и неколку доделувања и враќања на мандатот, Бугарија повторно ќе добие техничка влада и ќе распише нови парламентарни избори, откако бугарскиот претседател Румен Радев го одобри составот на новата техничка влада на досегашниот премиер Димитар Главчев.
Во новата влада, премиерот Главчев предложи три нови имиња за министерствата за внатрешни работи, надворешни работи и транспорт, кои беа одобрени од Радев.
Бугарскиот претседател соопшти дека указот за именувањето на техничката влада ќе го потпише уште утре наутро за владата уште истиот ден да положи заклетва.
Парламентарните избори ќе се одржат на 27 октомври.
Подготвено од М.Д.