BELGRAD PROTESTI

12.08.2024 Скопје

Неколку стотици граѓани и претставници на еколошки здруженија протестираа на 11 август пред зградата на Владата на Србија поради приведувањето на тројца активисти кои учествуваа во блокадите и демонстрациите против ископувањето на литиум еден ден претходно.

Толпата блокираше една од главните раскрсници во центарот на Белград.

„Не сме уплашени, ќе истраеме“, изјави Јелена Божиќ од неформалната младинска група „чии членови се уапсените активисти.

Толпата скандира „Пушти ги на слободна “ и „Нема да копате“.

Активистот Иван Блејиќ доби затворски притвор од 40 дена за нарушување на јавниот ред и мир, а Никола Ристиќ и Јевгеније Јулијан Димитријевиќ добија по 30 дена затвор, исто така за нарушување на јавниот ред и мир.

Полицијата на 11 август рано утрото ги приведе тројцата активисти на една од двете железнички станици блокирани од демонстрантите.

Претставникот на организацијата „Не го даваме Јадар“, Златко Кокановиќ рече на протестот пред Владата дека властите приведуваат и други кои учествувале во организацијата на саботниот протест.

Тој изјави дека во Ваљево е уапсен Бранко Ивковиќ, адвокат и еден од организаторите на протестот против литиумот во тој град.

Уапсен е и претседателот на Здружението на граѓани „Заштити ја Добриња и неговата околина“ од Пожега, Драган Симовиќ, рече Кокановиќ.

Тој исто така рече дека еколошките организации нема да се откажат од нивните барања поврзани со забраната за ископ на литиум во Србија.

„Сакаме да испратиме порака, можете да не апсите, но продолжуваме, не се плашиме, ќе одиме на победа, до крај“, рече Кокановиќ.

Министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ на 11 август изјави дека полицијата интервенирала и ја растерала толпата на шините „без употреба на средства за присилба“ и дека нема повредени.

„Приведени се вкупно 14 лица поради постоење на основано сомнение дека сториле кривични дела, три поради сомнение за сторени прекршоци и две лица кои се странски државјани поради присуство на протестот во близина на најважните државни институции“, изјави Дачиќ.

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека блокадата на железницата и патиштата е „исмејување на демократијата“ и „спроведување на насилството, волјата и теророт на малцинството врз мнозинството“.

Во своето обраќање до јавноста на 11 август, Вучиќ рече дека блокадите и протестите не се решение и дека „ќе разговара со народот за стравот од ископувањето на литиум и со оние кои мислат поинаку“.

Пред блокирањето на пругите, десетици илјади луѓе се собраа на 10 август во центарот на Белград поради повторното објавување на отворањето на рудникот за литиум на меѓународната компанија „Рио Тинто“ во долината на реката Јадар во западниот дел на земјата.

Подготвено од М.Д.

About Author