13.08.2024 Скопје
Силен земјотрес со јачина од 7,1 стелен според Рихтеровата скала го погоди јужниот брег на Јапонија, соопшти јапонската метеоролошка агенција.
Епицентарот на потресот бил на само 12 милји од брегот на градот Мијазаки, на островот Кјушу во Јапонија.
Издадено е предупредување за цунами, со предвидувања за бранови во височина до еден метар долж јужниот брег на Кјушу и околниот остров Шикоку. Засега се забележани бранови од 20 сантиметри во височина.
Сообраќајот на брзите возови на островот е запрен, а медиумите пренесуваат дека луѓето, во очекување на најавеното цунами, складираат резерви на храна.
Подготвено од М.Д.