lekovi

16.08.2024 Скопје

Управниот одбор на Фондот за здравствено осигурување денеска донесе одлука за дополнување на Позитивната листа на лекови со вкупно девет лека по генеричко име, односно по форма и јачина позитивната листа се проширува за вкупно 20 лека.

Како што се појаснува во соопштението, ова подразбира проширување на позитивната листа на лекови со 59 бренд заштитни имиња и тоа за: крвни болести – антикоагуланси (Prasugrel, Ticagrelor), болести на срце и крвни садови – против висок притисок и високи масти (Nebivolol, Perindopril, Valsartan, Fenofibrate) , за централен нервен систем – антидепресиви и за третирање деменција (Escitalopram, Memantine, Duloxetine).

Проценетото влијание врз буџетот на Фондот на годишно ниво е околу еден милион евра, посочуваат од ФЗОМ. Ова е прво дополнување на листата по 2014-та година.

„Фондот е посветен на пристап кон подобри лекови и ги охрабрува сите чинители кон натамошни дополнувања“, се наведува во соопштението оттаму.

Подготвено од М.Д.

About Author