AFRIKA DOVI ZIVOTNI

29.08.2024 Скопје

Министерството за животна средина вели дека уништувањето ќе се изврши во паркови и комунални области каде што, според властите, бројот на животни ги надминува достапните пасишта и залихите на вода.

Покрај слоновите, животните на списокот вклучуваат нилски коњи, биволи, импала, зебра и диви свињи.

Од министерството велат дека сушата довела до почести конфликти меѓу човекот и дивиот свет и дека уништувањето ќе се врши во области со високоризични конфликтни ситуации, особено со слоновите.

Јужна Африка се соочува со најголемата суша во последните децении, а Обединетите нации велат дека Намибија искористила 84 отсто од своите резерви на храна минатиот месец. Речиси половина од населението во овој дел на Африка се очекува да доживее високи нивоа на недостиг на храна во наредните месеци.

Активистите за правата на животните изразија загриженост поради уништувањето, кое наводно се врши без да се процени економското или влијанието врз животната средина, и веќе покренаа петиција со која бараат да се запрат плановите за уништување на животните.

Подготвено од М.Д.

About Author