evropski banki

16.08.2024 Скопје

Економијата на еврозоната порасна за 0,3 отсто на квартална основа во вториот квартал од оваа година, исто како и во претходното тримсечје, што значи дека закрепнувањето продолжува, покажаа во средата првите проценки на Евростат.

Економијата на ЕУ исто така порасна за 0,3 отсто на тримесечна основа во вториот квартал, по растот од 0,3 отсто во првиот квартал, објави Евростат.

Меѓу земјите чии податоци располагаше Еуростат, во вториот квартал најсилно порасна полската економија и тоа за 1,5 отсто. По неа следи Ирска со раст од 1,2 отсто.

По неа следат Холандија со раст од 1,0 отсто и Литванија со раст од 0,9 отсто. Најниска стапка на раст, од 0,1 отсто, забележаа Романија и Португалија, додека австриската економија стагнираше.

Според достапните податоци, најсилен пад на активноста на квартално ниво забележа Летонија од 1,1 отсто. Следува Шведска со пад на економската активност од 0,8 отсто и Унгарија и Германија со пад од 0,2, односно 0,1 отсто.

Споредено со истиот период минатата година, економијата на еврозоната пораснала за 0,6 отсто во вториот квартал, покажуваат сезонски прилагодените податоци. Активноста во ЕУ, пак, во вториот квартал е зголемена за 0,8 отсто на годишна основа.

Во првиот квартал БДП на еврозоната порасна за 0,5 отсто, а на ЕУ за 0,6 отсто. Економијата на Полска порасна најсилно во вториот квартал на годишна основа, за 4,0 отсто. Следуваат Кипар и Шпанија со раст од 3,7 односно 2,9 отсто.

Според достапните податоци, најскромно пораснала чешката економија за 0,3 отсто во однос на истиот период лани. Стагнација е забележана во Австрија и Шведска.

Естонија и Ирска забележаа најголем пад на активноста во однос на вториот квартал од минатата година – 1,7, односно 1,4 отсто. Германија, најголемата европска економија, падна за 0,1 отсто во споредба со истиот период минатата година.

Подготвено од М.Д.

About Author