28.08.2024 Скопје
По долго и тешко боледување, познатиот фудбалски тренер Свен Горан Ериксон почина на 76-годишна возраст. Славниот Швеѓанец боледуваше од најтешката болест, додека пред извесно време се збогуваше од фановите. За жал, тој ја загуби борбата.
Веста за неговата смрт ја објави семејството преку соопштение.
Свен Горан Ериксон почина по долго боледување, почина дома опкружен со семејството. Ќерката Лина, синот Јохан со сопругата Амана и внуката Скај се простија од Свен. Семејството со ова бара да се почитува нивната желба да тагуваат во приватност и да не контактираат со никого – соопштија од семејството.
Свен Горан Ериксон е познато име во светот на фудбалот, особено што тренираше доста голем број клубови, а водеше и репрезентации.
Работел во Дегерфорш и Гетеборг во својата татковина, пред да замине во Европа. Беше тренер на Бенфика, Рома, Фиорентина, Сампдорија, Лацио, Манчестер Сити, Лестер, Гуангжу, Шангај и Шенжен, додека како селектор работеше и во Англија, Мексико, Брегот на Слоновата Коска и Филипини.
Подготвено од М.Д.